1 Од презвитерот – до избраната госпоѓа и нејзините чеда, кои ги љубам во вистината, – и не само јас, туку и сите што ја познаа вистината;
2 поради вистината, која пребива во нас и ќе биде со нас до века.
3 Да биде со нас благодатта, милосрдието, мирот од Бог Отецот и од Господа Исуса Христа, Синот на Отецот во вистина и љубов!
4 Многу се зарадував, зашто најдов некои од твоите чеда во вистина, онака како што добивме заповед од Отецот.