2 Јован 1:1-7 MK2006D

1 Од презвитерот – до избраната гос­поѓа и нејзините чеда, кои ги љубам во вистината, – и не само јас, туку и сите што ја познаа вистината;

2 поради вистината, која пребива во нас и ќе биде со нас до века.

3 Да биде со нас благодатта, мило­срди­ето, мирот од Бог Отецот и од Гос­пода Исуса Христа, Синот на Отецот во вистина и љубов!

4 Многу се зарадував, зашто најдов не­кои од твоите чеда во вистина, онака како што добивме заповед од Отецот.

5 И сега те молам, госпоѓо, не како да ти пишувам нова заповед, но онаа што ја имаме од почетокот, да се љубиме ед­ни со други.

6 А љубовта се состои во тоа, да пос­тапуваме по Неговите заповеди. Тоа е заповедта, што ја чувте во почетокот, за да постапувате според неа;

7 бидејќи во светот влегоа мнозина из­мамници, кои не исповедаат дека Исус Христос дошол во тело; таков човек е измамник, Антихрист.