2 Јован 1:3-9 MK2006D

3 Да биде со нас благодатта, мило­срди­ето, мирот од Бог Отецот и од Гос­пода Исуса Христа, Синот на Отецот во вистина и љубов!

4 Многу се зарадував, зашто најдов не­кои од твоите чеда во вистина, онака како што добивме заповед од Отецот.

5 И сега те молам, госпоѓо, не како да ти пишувам нова заповед, но онаа што ја имаме од почетокот, да се љубиме ед­ни со други.

6 А љубовта се состои во тоа, да пос­тапуваме по Неговите заповеди. Тоа е заповедта, што ја чувте во почетокот, за да постапувате според неа;

7 бидејќи во светот влегоа мнозина из­мамници, кои не исповедаат дека Исус Христос дошол во тело; таков човек е измамник, Антихрист.

8 Пазете се за да не го изгубите она за кое сте се труделе, туку да добиете пол­на награда.

9 Секој, кој оди предалеку и не останува во Христовото учење, Го нема Бога; кој останува во Христовото учење, тој Го има и Отецот и Синот.