4 Многу се зарадував, зашто најдов некои од твоите чеда во вистина, онака како што добивме заповед од Отецот.
5 И сега те молам, госпоѓо, не како да ти пишувам нова заповед, но онаа што ја имаме од почетокот, да се љубиме едни со други.
6 А љубовта се состои во тоа, да постапуваме по Неговите заповеди. Тоа е заповедта, што ја чувте во почетокот, за да постапувате според неа;
7 бидејќи во светот влегоа мнозина измамници, кои не исповедаат дека Исус Христос дошол во тело; таков човек е измамник, Антихрист.
8 Пазете се за да не го изгубите она за кое сте се труделе, туку да добиете полна награда.
9 Секој, кој оди предалеку и не останува во Христовото учење, Го нема Бога; кој останува во Христовото учење, тој Го има и Отецот и Синот.
10 Кој доаѓа кај вас и не го носи тоа учење, него не го примајте во вашиот дом и не поздравувајте го;