8 Пазете се за да не го изгубите она за кое сте се труделе, туку да добиете полна награда.
9 Секој, кој оди предалеку и не останува во Христовото учење, Го нема Бога; кој останува во Христовото учење, тој Го има и Отецот и Синот.
10 Кој доаѓа кај вас и не го носи тоа учење, него не го примајте во вашиот дом и не поздравувајте го;
11 зашто, кој го поздравува, учествува во неговите лоши дела.
12 Вистина, имав многу да ви пишувам, но не сакав на книга и со мастило, зашто се надевам дека ќе дојдам кај вас и од устата да ви зборувам, та радоста ваша да ви биде полна.
13 Ве поздравуваат чедата на избраната твоја сестра. Амин!