14 бидејќи знам дека наскоро ќе го оставам моето тело, како што Господ наш, Исус Христос, ми откри.
15 А ќе се погрижам на ова да се потсетувате секогаш и по мојата смрт.
16 Зашто ние ви ја покажавме силата и доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос не преку измислени приказни, туку самите бевме очевидци на Неговото величие.
17 Зашто Тој прими чест и слава од Бог Отецот, кога од Велелепната Слава Му дојде ваков глас: „Овој е Мојот возљубен Син, со Кого се исполнува Мојата добра волја.“
18 И тој глас, што дојде од небото, ние го чувме, кога бевме со Него на светата гора.
19 А освен тоа, ние имаме нешто уште поверно, а тоа е пророчкото слово; и добро правите што нему му обрнувате внимание, како на светило што свети на темно место, додека денот осамне и Деницата засвети во вашите срца.
20 Знајте го прво тоа дека ниедно пророштво од Писмото не е сопствено кажување на пророкот.