2 Благодатта и мирот со познавањето на Бог и Христос Исус, нашиот Господ, да ви се умножат.
3 Бидејќи Неговата божествена сила ни подари сѐ што е потребно за животот и побожноста, а преку познанието на Оној Кој нѐ повика со Својата слава и совршенство,
4 преку кои ни се дарувани многу големи и драгосени ветувања, та преку нив да станете учесници во Божјата природа ако се оддалечите од гнилежот на овој свет;
5 затоа, грижејќи се за ова сестрано, принесете кон верата своја добродетел, а кон добродетелта знаење,
6 кон знаењето воздржување, кон воздржувањето трпение, кон трпението побожност,
7 кон побожноста братољубивост, кон братољубивоста љубов.
8 Зашто, ако овие доблести ги има во вас и се умножуваат, тие нема да ве остават празни, ниту бесплодни во познанието на нашиот Господ Исус Христос.