5 затоа, грижејќи се за ова сестрано, принесете кон верата своја добродетел, а кон добродетелта знаење,
6 кон знаењето воздржување, кон воздржувањето трпение, кон трпението побожност,
7 кон побожноста братољубивост, кон братољубивоста љубов.
8 Зашто, ако овие доблести ги има во вас и се умножуваат, тие нема да ве остават празни, ниту бесплодни во познанието на нашиот Господ Исус Христос.
9 А кој ги нема овие доблести, тој е слеп, кусоглед и заборава дека се очистил од поранешните гревови.
10 Браќа, затоа уште повеќе настојувајте да го зајакнете вашиот позив и избор, зашто, ако го вршите тоа, никогаш нема да погрешите,
11 бидејќи по таков начин ќе ви се овозможи слободен влез во вечното царство на нашиот Господ и Спасител Исус Христос.