13 добивајќи казна за вршење неправда. Тие секојдневниот живот во раскош го сметаат за уживање; тие се срам и грев, насладувајќи се со своите измами, додека јадат со вас;
14 имаат очи полни со прељубодејство и ненаситни се на грев, ги мамат неутврдените души; имаат срце привикнато на лакомство: тие се чеда на проклетството!
15 Откако го оставија вистинскиот пат и се заблудија, тргнаа по стапките на Восоровиот син Валаам, кој засака плата за вршење неправда,
16 но беше изобличен за своето беззаконие: неразумното животно проговори со човечки глас и го запре безумството на пророкот.
17 Тие се безводни извори, облаци и магли од бура разнесувани; за нив е резервиран мракот на темнината засекогаш.
18 Зашто, говорејќи празни зборови, ги мамат на телесни похоти и нечистотија оние кои тукушто се оттргнале од тие што живеат во заблуда.
19 Им ветуваат слобода кога тие самите се робови на развратот, зашто кога некој некого победува, тој и го поробува.