2 Петар 2:14-20 MK2006D

14 имаат очи полни со прељубодејство и ненаситни се на грев, ги мамат не­ут­врдените души; имаат срце привикнато на лакомство: тие се чеда на проклетството!

15 Откако го оставија вистинскиот пат и се заблудија, тргнаа по стапките на Восоровиот син Валаам, кој засака пла­та за вршење неправда,

16 но беше изобличен за своето беззаконие: неразумното животно проговори со човечки глас и го запре безумството на пророкот.

17 Тие се безводни извори, облаци и магли од бура разнесувани; за нив е ре­зер­виран мракот на темнината засекогаш.

18 Зашто, говорејќи празни зборови, ги мамат на телесни похоти и не­чис­тотија оние кои тукушто се оттргнале од тие што живеат во заблуда.

19 Им ветуваат слобода кога тие са­ми­те се робови на развратот, зашто кога не­кој некого победува, тој и го поробува.

20 Зашто, ако ги избегнале световните скверности преку познанието на Господ и Спасителот наш Исус Христос, и пак се плеткаат во нив и бидуваат победени, тогаш за такви последното ќе им биде полошо од првото!