7 а го избави праведниот Лот, кого го осрамотија беззакониците со нечистиот живот.
8 Зашто, кога живееше праведникот меѓу нив, гледајќи ги и слушајќи ги беззаконските дела, тој секојдневно ја измачуваше својата праведна душа;
9 значи Господ знае како да ги избавува побожните од искушенија, а неправедните да ги држи во маки за судниот ден;
10 а најмногу оние што се управуваат според телото во неговите гнасни похоти, кои ја презираат власта, дрски се, горди и не се плашат да хулат на власта,
11 но дури ни ангелите, кои се поснажни и посилни од нив, не изговараат за нив хула пред Господ.
12 А тие, како неразумни животни, созданија по инстинкт се фаќаат и се уништуваат, хулејќи го она што не го разбираат, во својата погибел ќе загинат,
13 добивајќи казна за вршење неправда. Тие секојдневниот живот во раскош го сметаат за уживање; тие се срам и грев, насладувајќи се со своите измами, додека јадат со вас;