2 Петар 3:10-16 MK2006D

10 И ќе дојде денот Господов, како крадец во ноќно време; тогаш небесата со голема бучава ќе ги снема, и стихии­те ќе пламнат и ќе се разрушат, а земја­та, и сѐ што е на неа, ќе изгори.

11 И така, бидејќи сето тоа ќе се раз­руши, каков треба да ви биде вашиот свет живот и побожноста ваша,

12 додека го очекувате и посакувате скорото доаѓање на Божјиот ден, во кој небесата ќе се разрушат и основите во оган ќе се стопат?

13 Но ние, според Неговото ветување, очекуваме ново небо и нова земја, на кои ќе се всели правда.

14 Затоа, возљубени, додека го очекувате тоа, погрижете се пред Него да из­лезете спокојни, неосквернети и не­по­рочни;

15 и долготрпеливоста на вашиот Гос­под сметајте ја како спасение – како што ви напиша и возљубениот наш брат Павле, според дадената му мудрост;

16 како што зборува за тоа и во сите свои посланија, во кои има некои работи тешки за разбирање, што неучените и неутврдените ги изопачуваат, како и другите Писма, за своја погибел.