15 и долготрпеливоста на вашиот Господ сметајте ја како спасение – како што ви напиша и возљубениот наш брат Павле, според дадената му мудрост;
16 како што зборува за тоа и во сите свои посланија, во кои има некои работи тешки за разбирање, што неучените и неутврдените ги изопачуваат, како и другите Писма, за своја погибел.
17 А вие, возљубени, знаејќи го ова однапред, пазете се од измамата на беззакониците за да не бидете одведени со нив, и да не отпаднете од својата утврденост,
18 туку да напредувате во благодатта и во познанието на нашиот Господ и Спасител Исус Христос. Нему слава и сега и за вечни времиња. Амин!