2 Петар 3:4-10 MK2006D

4 Ќе велат: „Каде е ветувањето на Не­говото доаѓање? Зашто, откако тат­ковците наши изумреа, сѐ си стои така како од создавањето на светот.“

5 Тие намерно забораваат дека небесата и земјата од порано беа создадени од вода и преку вода со силата на Божјото слово,

6 преку кое, тогашниот свет загина, потопен од вода.

7 А сегашните небеса и земјата, пазени од истото слово, се чуваат за оган во денот на судот и погибелта на нечестивите луѓе.

8 Но внимавајте, возљубени, да не го изумите само тоа дека за Господ еден ден е како илјада години, а илјада години – како еден ден.

9 Господ нема да задоцни со Своето ветување, како што некои мислат за бавењето; но долго време трпи, бидејќи не сака да загине некој, туку сите да се покаат.

10 И ќе дојде денот Господов, како крадец во ноќно време; тогаш небесата со голема бучава ќе ги снема, и стихии­те ќе пламнат и ќе се разрушат, а земја­та, и сѐ што е на неа, ќе изгори.