9 Господ нема да задоцни со Своето ветување, како што некои мислат за бавењето; но долго време трпи, бидејќи не сака да загине некој, туку сите да се покаат.
10 И ќе дојде денот Господов, како крадец во ноќно време; тогаш небесата со голема бучава ќе ги снема, и стихиите ќе пламнат и ќе се разрушат, а земјата, и сѐ што е на неа, ќе изгори.
11 И така, бидејќи сето тоа ќе се разруши, каков треба да ви биде вашиот свет живот и побожноста ваша,
12 додека го очекувате и посакувате скорото доаѓање на Божјиот ден, во кој небесата ќе се разрушат и основите во оган ќе се стопат?
13 Но ние, според Неговото ветување, очекуваме ново небо и нова земја, на кои ќе се всели правда.
14 Затоа, возљубени, додека го очекувате тоа, погрижете се пред Него да излезете спокојни, неосквернети и непорочни;
15 и долготрпеливоста на вашиот Господ сметајте ја како спасение – како што ви напиша и возљубениот наш брат Павле, според дадената му мудрост;