1 Презвитерот – до возљубениот Гај, кого го љубам во вистината.
2 Возљубен, се молам да бидеш здрав и во сѐ да ти биде добро, како што ѝ е добро на душата твоја.
3 Многу се зарадував кога дојдоа браќата и посведочија за твојата вистина – односно како ти одиш во вистината.
4 За мене нема поголема радост од тоа – да слушнам дека моите чеда одат во вистината.
5 Возљубен, ти постапуваш верно во сѐ што го правиш за браќата и гостите.
6 Тие ја посведочија твојата љубов пред Црквата. Добро ќе направиш ако ги приготвиш пред Бога како што треба.
7 Бидејќи поради Неговото име тргнаа, не земајќи ништо од незнабошците.