4 За мене нема поголема радост од тоа – да слушнам дека моите чеда одат во вистината.
5 Возљубен, ти постапуваш верно во сѐ што го правиш за браќата и гостите.
6 Тие ја посведочија твојата љубов пред Црквата. Добро ќе направиш ако ги приготвиш пред Бога како што треба.
7 Бидејќи поради Неговото име тргнаа, не земајќи ништо од незнабошците.
8 Ние сме, пак, должни да примаме такви, за да станеме соработници со вистината.
9 Јас напишав неколку збора до Црквата, но Диотреф, кој сака да биде прв меѓу нив, не нѐ прими нас.
10 Затоа, ако дојдам, ќе му спомнам за делата негови што ги прави, напаѓајќи нѐ со лоши зборови; и тоа не му е доволно, туку браќата сам не ги прима, а им забранува да ги примаат и оние кои сакаат да ги примат, и ги гони од Црквата.