3 Јован 1:6-12 MK2006D

6 Тие ја посведочија твојата љубов пред Црквата. Добро ќе направиш ако ги приготвиш пред Бога како што тре­ба.

7 Бидејќи поради Неговото име трг­наа, не земајќи ништо од незна­бошците.

8 Ние сме, пак, должни да примаме такви, за да станеме соработници со вистината.

9 Јас напишав неколку збора до Црк­вата, но Диотреф, кој сака да биде прв меѓу нив, не нѐ прими нас.

10 Затоа, ако дојдам, ќе му спомнам за делата негови што ги прави, напаѓајќи нѐ со лоши зборови; и тоа не му е до­волно, туку браќата сам не ги прима, а им забранува да ги примаат и оние кои сакаат да ги примат, и ги гони од Цр­к­вата.

11 Возљубени, не угледувајте се на зло­то, туку на доброто. Кој добро чини, од Бога е; а кој прави зло, не Го видел Бо­га.

12 За Димитриј посведочија сите, па и самата вистина; а сведочиме, исто така, и ние; а вие знаете дека сведоштвото наше е вистинско.