8 Ние сме, пак, должни да примаме такви, за да станеме соработници со вистината.
9 Јас напишав неколку збора до Црквата, но Диотреф, кој сака да биде прв меѓу нив, не нѐ прими нас.
10 Затоа, ако дојдам, ќе му спомнам за делата негови што ги прави, напаѓајќи нѐ со лоши зборови; и тоа не му е доволно, туку браќата сам не ги прима, а им забранува да ги примаат и оние кои сакаат да ги примат, и ги гони од Црквата.
11 Возљубени, не угледувајте се на злото, туку на доброто. Кој добро чини, од Бога е; а кој прави зло, не Го видел Бога.
12 За Димитриј посведочија сите, па и самата вистина; а сведочиме, исто така, и ние; а вие знаете дека сведоштвото наше е вистинско.
13 Многу имав да ти пишувам, но не сакав да ти напишам со мастило и перо,
14 туку се надевам дека наскоро ќе те видам, и дека ќе позборуваме лице в лице.