10 и те молам за моето чедо, Онисим, што го родив во оковите свои:
11 и тој некогаш беше непотребен за тебе, а сега ни е многу попотребен и тебе, и мене.
12 Ти го праќам назад него – прими го како да е моето срце.
13 Јас сакав да го задржам кај мене, за да ми служи место тебе во оковите што ги носам за Евангелието.
14 Но без твоја согласност не сакав ништо да направам, за да биде твојата добрина не како принуда, туку доброволна.
15 Зашто, можеби тој поради тоа се одвои од тебе за малку време, за да го примиш засекогаш,
16 не веќе како роб, а повеќе од роб, како возљубен брат, а особено за мене, и уште повеќе за тебе – и по тело, и во Господа.