15 Зашто, можеби тој поради тоа се одвои од тебе за малку време, за да го примиш засекогаш,
16 не веќе како роб, а повеќе од роб, како возљубен брат, а особено за мене, и уште повеќе за тебе – и по тело, и во Господа.
17 И така, ако ме имаш за содругар, прими го како да си ме примил мене.
18 Ако, пак, во нешто ти згрешил, или ти е должен, префрли го тоа на моја сметка.
19 Јас, Павле, напишав со своја рака: јас ќе платам, за да не ти речам дека ти и самиот цел си ми должен.
20 Да, брате, да го добијат од тебе во Господ она за што Го молам; развесели го срцето мое во Господ.
21 Убеден во твојата послушност, ти напишав, знаејќи дека ќе направиш и повеќе отколку што ти велам.