18 Ако, пак, во нешто ти згрешил, или ти е должен, префрли го тоа на моја сметка.
19 Јас, Павле, напишав со своја рака: јас ќе платам, за да не ти речам дека ти и самиот цел си ми должен.
20 Да, брате, да го добијат од тебе во Господ она за што Го молам; развесели го срцето мое во Господ.
21 Убеден во твојата послушност, ти напишав, знаејќи дека ќе направиш и повеќе отколку што ти велам.
22 А заедно со ова приготви ми и сместување, зашто се надевам дека со вашите молитви ќе ви бидам даруван вам.
23 Те поздравува Епафрас, кој е со мене затвореник во Христос Исус, Марко, Аристарх, Димас, Лука – моите соработници.
24 Благодатта на нашиот Господ Исус Христос нека биде со вашиот дух. Амин!