4 Секогаш Му благодарам на мојот Бог, кога те спомнувам во молитвите свои,
5 бидејќи слушам за твојата љубов и вера, која ја имаш во Господ Исус и кон сите светии,
6 и молам нашата заедничка вера да се покаже во тебе на дело во познанието на секое добро, кое го имаме за Исус Христос.
7 Зашто ние многу се радуваме и утешуваме поради твојата љубов, брате, бидејќи преку тебе се успокоија срцата на светиите.
8 Затоа, иако имам во Христос голема слобода да ти заповедам што треба да правиш,
9 сепак, од љубов кон тебе, те молам јас, каков што сум, старецот Павле, а сега и затвореник за Исус Христос,
10 и те молам за моето чедо, Онисим, што го родив во оковите свои: