8 Затоа, иако имам во Христос голема слобода да ти заповедам што треба да правиш,
9 сепак, од љубов кон тебе, те молам јас, каков што сум, старецот Павле, а сега и затвореник за Исус Христос,
10 и те молам за моето чедо, Онисим, што го родив во оковите свои:
11 и тој некогаш беше непотребен за тебе, а сега ни е многу попотребен и тебе, и мене.
12 Ти го праќам назад него – прими го како да е моето срце.
13 Јас сакав да го задржам кај мене, за да ми служи место тебе во оковите што ги носам за Евангелието.
14 Но без твоја согласност не сакав ништо да направам, за да биде твојата добрина не како принуда, туку доброволна.