11 Зашто се јави Божјата благодат, која носи спасение за сите луѓе,
12 која нè воспитува да се откажеме од безбожноста и светските похоти; да живееме разумно, праведно и побожно во сегашниов век,
13 очекувајќи ја блажената надеж и славното јавување на нашиот Сèмоќен Бог и Спасител, Исус Христос,
14 Кој се даде Самиот Себе место нас, за да нè избави од секакво беззаконие и да очисти за Себе сопствен народ, кој Му припаѓа, кој ревнува за добрите дела.
15 Зборувај го ова и опоменувај, и изобличувај со целосна власт. Никој да не те презира!