4 за да ги учат младите жени да ги љубат своите мажи и своите деца,
5 да бидат разумни, чисти, добри домаќинки, покорни на своите мажи, за да не се хули Божјото Слово.
6 Исто така, опоменувај ги младите да бидат здраворазумни,
7 давајќи се во сè себеси како пример за добри дела, во науката - нерасипаност, достоинство,
8 здраво и беспрекорно слово, за да се засрами секој противник, немајќи што да каже лошо за нас.
9 Опоменувај ги робовите за да им се покоруваат на своите господари, да настојуваат да им угодат, да не им противречат,
10 да не поткрадуваат, туку да ја покажат својата добра верност, та да ја украсуваат во сè науката на нашиот Спасител, Бога.