1 Напомнувај им да им се покоруваат на началствата и властите, да бидат послушни, да бидат готови за секое добро дело;
2 никого да не хулат, да не се препираат, да бидат благородни, покажувајќи секаква кротост кон сите луѓе.
3 Зашто и ние бевме некогаш неразумни, непокорни, скитници, робови на разни страсти и задоволства, живејќи во зло и завист, мразени и мразејќи се еден со друг.
4 Но кога се јавија: добрината и човекољубието на Бога, нашиот Спасител,