12 Кога ќе ги пратам при тебе Артема или Тихик, побрзај да дојдеш при мене во Никопол, зашто решив да презимувам таму!
13 Грижливо снабди ги за пат правникот Зина и Аполос, за да имаат сè што им треба!
14 Но и нашите да се учат да бидат први во добрите дела, каде што е тоа неопходно потребно, за да не бидат без плод.
15 Те поздравуваат сите, кои се со мене. Поздрави ги оние, кои нè љубат во верата. Благодатта со сите вас. Амин!