4 Но кога се јавија: добрината и човекољубието на Бога, нашиот Спасител,
5 нè спаси не врз основа на праведните дела што сме ги направиле ние, туку по Својата милост, преку капењето на новораѓањето и обновувањето на Светиот Дух,
6 Кого богато Го излеа на нас преку Исуса Христа, нашиот Спасител,
7 та оправдани преку Неговата благодат да станеме наследници според надежта на вечниот живот.
8 Верно е тоа слово, и сакам ова да го држиш цврсто; и оние, кои веруваат во Бога да се грижат да одат напред во добрите дела. Тоа е добро и полезно за луѓето.
9 А избегнувај ги: глупавите распрашувања, родословијата, расправиите и препирките по однос на Законот, зашто се неполезни и суетни.
10 Избегнувај човек кривоверец, по првото и второто опоменување,