6 Кого богато Го излеа на нас преку Исуса Христа, нашиот Спасител,
7 та оправдани преку Неговата благодат да станеме наследници според надежта на вечниот живот.
8 Верно е тоа слово, и сакам ова да го држиш цврсто; и оние, кои веруваат во Бога да се грижат да одат напред во добрите дела. Тоа е добро и полезно за луѓето.
9 А избегнувај ги: глупавите распрашувања, родословијата, расправиите и препирките по однос на Законот, зашто се неполезни и суетни.
10 Избегнувај човек кривоверец, по првото и второто опоменување,
11 знаејќи дека таквиот човек се изопачил и дека греши, та се осудил сам себеси.
12 Кога ќе ги пратам при тебе Артема или Тихик, побрзај да дојдеш при мене во Никопол, зашто решив да презимувам таму!