Естир 2:14-20 MKB

14 Таа влегуваше навечер, а наутро се враќаше во друга женска куќа, под надзор на Саазгаза, царев скопеник, чувар на соложниците. Веќе не му се враќаше на царот, освен ако ја посакаше посебно и ако ја повикаше кај себе по име.

15 Кога и дојде ред на Естира, ќерката на Авихаил, кој беше чичко на Мардохеј, кој ја имаше присвоено за своја ќерка - да влезе кај царот, таа не побара ништо освен она што и рече Игај, царевиот скопеник, чувар на жените. Сепак предизвикуваше восхитување кај сите кои ја гледаа.

16 И така, ја воведоа Естира кај царот, во неговиот царски дворец, во десетиот месец, месец тевет, во седмата година на неговото владеење.

17 Царот ја заљуби Естира повеќе од сите други жени; таа му омиле повеќе од сите други девици и таа ја придоби неговата наклонетост. И тој го стави царскиот венец на нејзината глава, па таа стана царица место Астина.

18 Потоа царот даде голема гозба, во чест на Естира, за своите кнезови и службеници; на сите покраини им одреди починка и им раздели дарови, царски дарежливо.

19 Кога девојките беа собрани повторно, Мардохеј седеше при царската врата.

20 Естира не го кажа ни народот ни потеклото од кое произлегуваше, како што и беше наредил Мардохеј. Естира и натаму ги пазеше сите Мардохееви упатства како кога се наоѓаше под одгледување.