Естир 7 MKB

1 Царот и Аман дојдоа на гозбата на царицата Естира.

2 И вотој втор ден, додека се пиеше вино, царот и рече на Естира: „Која ти е молбата, царице Естиро? Ќе ти биде задоволена! Која е твојата желба? Ако е и половината од царството, ќе ти биде! ”

3 Царицата Естира одговори: „Ако цару, најдов милост во твоите очи, и ако ти е по волјата, нека ми биде подарен во името на молбата животот, а во името на желбата мојот народ!

4 Зошто јас и мојот народ сме предадени за погубување, за колење и за уништување. Да бевме предадени во ропство, ќе молчев, зашто неволјата не ќе беше штетна за царот.”

5 Но царот Ахасвер ја прекина царицата Естира во зборот па ја праша: „Кој е тој? Каде е тој што намислил да направи нешто такво?” Тогаш Естира одговори: „Прогонувачот и непријателот е Аман, овој злосторник!”

6 Аман се исплаши пред царот и царицата.

7 Царот, гневен, го остави виното та отиде во градината на дворецот. Аман остана покрај царицата за да ја моли за својот живот, зашто увиде дека е готова неговата несреќа пред царот.

8 Царот се врати од градината во дворницата каде се пиеше виното. Дотогаш Аман беше паднал на постелката врз која се наоѓаше Естира. „Се обидуваш уште и со насилство над царицата и тоа во мојот сопствен дом?” извика царот. Туку што тие зборови излегоа од царевата уста, му го покрија лицето на Амана.

9 Тогаш кажа Арвон, еден од дворјанците кои стоеја во царева служба: „Ене ја и бесилката што ја подготви за Мардохеја, кој зборуваше во царева полза. Се наоѓа покрај Амановата куќа и е висока педесет лакти. „ Царот заповеда: „Обесете го на неа!”

10 Амана го обесија на бесилката што ја беше подготвил за Мардохеја, и царевата јарост стивна.

поглавја

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10