20 Естира не го кажа ни народот ни потеклото од кое произлегуваше, како што и беше наредил Мардохеј. Естира и натаму ги пазеше сите Мардохееви упатства како кога се наоѓаше под одгледување.
21 Во она време кога Мардохеј седеше при царевата врата, Вихтан и Терес двајца цареви дворјанци, чувари на прагот, пламнаа со гнев и почнаа да смислуваат да подигнат рака против царот Ахасвер.
22 За таа нивна намера научи Мардохеј. Тој и соопшти на царицата Естира, а Естира му соопшти на царот во Мардохеево име.
23 Сè се истражи и завера беше откриена, па двајцата беа обесени на столб. Тоа беше запишано пред царот во книжниот свиток на Летописите.