Естир 2:4-10 MKB

4 Онаа девојка што најмногу ќе им се допадне на царевите очи, нека царува место Астина.” Тоа му беше по волја на царот, и тој направи така.

5 Во тврдината на градот Шуша беше некој си Евреин, кој се викаше Мардохеј, син на Јаир, синот Симеев, син Кисов, од Венијаминовото племе.

6 Тој беше протеран од Ерусалим меѓу заточениците, кои ги одведе вавилонскиот цар Навуходоносор, заедно со јудејскиот цар Јехониј.

7 Тој ја одгледуваше Адаса односно Естира, ќерката на својот чичко, зашто таа немаше ни татко ни мајка. Девојката беше прилична и со убав изглед. По смртта на нејзиниот татко и на нејзината мајка, Мардохеј ја зеде кај себе како ќерка.

8 Кога се расчу за царскиот збор и за неговата наредба, многу девојки се собраа во тврдината на градот Шуша под Игаев надзор. Така ја доведоа и Естира во царевиот дворец, под надзор на Игај, чуварот на жените.

9 Девојката им се свиде на неговите очи, таа ја придоби неговата наклонетост, и тој се погрижи за нејзиното разубавување и за издржување. Покрај тоа и даде седум највредни робинки на царскиот дворец и ја премести заедно со девојките, во најудобните простории на женската куќа.

10 Естира не ги спомна ниту народот ниту потеклото свое, зашто Мардохеј и беше забранил да го направи тоа.