Естир 4:3-9 MKB

3 Во секоја покраина, секаде каде ќе се научеше за царевиот збор и за неговиот проглас, жалоста завладуваше меѓу Евреите: постеа плачеа и ридаа. На мнозина од нив вреќиштето и пепелта им стана легло.

4 Естирините девојки и нејзините скопеници дојдоа да ја известат за тоа. Царицата се вознемири многу. Му испрати облека на Мардохеј за да ја облече, а да го соблече вреќиштето од себе, ама тој одби.

5 Тогаш Естира го повика Атаха, еден од царевите скопеници, кој и беше одреден на служба, па го испрати кај Мардохеј за да научи од него што се случило и зошто е таков.

6 Атах отиде до Мардохеја на градскиот плоштад, пред царевата врата.

7 Мардохеј му раскажа што му се случило и подробно го извести за сребрениците што Аман ветил да ги вложи во царевата благајна, за да би можел да ги уништи Евреите.

8 Му го даде и преписот од наредбата за нивното погубување, која беше објавена во Шуша, за да и ја покаже на Естира, та да и јави да и наложи да отиде кај царот: нека го моли за милост и нека посредува кај него за својот народ.

9 Атах се врати и ја донесе на Естира Мардохеевата порака.