Естир 5:2-8 MKB

2 И кога царот виде дека царицата Естира стои во дворот; таа најде благодат пред него и царот го испружи златниот жезол што го држеше во раката, кон Естира; а Естира се доближи и се допре до крајот на жезолот.

3 Царот рече: „Што тие тебе царице Естиро? Што сакаш? Ако е тоа и половина од царството, ќе ти биде!”

4 Естира одговори: „Царот ако му е мило, нека дојде со Амана на гозба што денес ја подготвив.”

5 Царот одговори: „Известете го веднаш Амана за да се исполни Естирината желба.” Царот дојде со Амана на гозбата што ја подготви Естира.

6 Додека пиеја вино, царот и рече на Естира: „Што и да побараш ќе добиеш. Што и да посакаш, ако е тоа и половина од царството ќе ти биде!”

7 Естира одговори: „Мојата молба и желба е,

8 ако најдов милост во царевите очи и ако му е угодно на царот да ми даде што молам и да направи што сакам, царот да дојде повторно со Амана на гозба што утре ќе ја подготвам за нив, и тогаш ќе постапам според царскиот збор.”