Естир 5:4-10 MKB

4 Естира одговори: „Царот ако му е мило, нека дојде со Амана на гозба што денес ја подготвив.”

5 Царот одговори: „Известете го веднаш Амана за да се исполни Естирината желба.” Царот дојде со Амана на гозбата што ја подготви Естира.

6 Додека пиеја вино, царот и рече на Естира: „Што и да побараш ќе добиеш. Што и да посакаш, ако е тоа и половина од царството ќе ти биде!”

7 Естира одговори: „Мојата молба и желба е,

8 ако најдов милост во царевите очи и ако му е угодно на царот да ми даде што молам и да направи што сакам, царот да дојде повторно со Амана на гозба што утре ќе ја подготвам за нив, и тогаш ќе постапам според царскиот збор.”

9 Во тој ден Аман излезе среќен и со задоволно срце, но се расрди многу на Мардохеја кога виде дека при царската врата не стана ниту се помрдна пред него.

10 Аман се совлада сепак. Отиде дома и испрати по своите пријатели и по својата жена Сереса.