7 Естира одговори: „Мојата молба и желба е,
8 ако најдов милост во царевите очи и ако му е угодно на царот да ми даде што молам и да направи што сакам, царот да дојде повторно со Амана на гозба што утре ќе ја подготвам за нив, и тогаш ќе постапам според царскиот збор.”
9 Во тој ден Аман излезе среќен и со задоволно срце, но се расрди многу на Мардохеја кога виде дека при царската врата не стана ниту се помрдна пред него.
10 Аман се совлада сепак. Отиде дома и испрати по своите пријатели и по својата жена Сереса.
11 Им раскажуваше за блесокот на своето богатство, за мноштвото свои синови и за сè она со што царот го возвеличи и со што го издигна над сите свои кнезови и службеници.
12 Аман уште додаде: „И царицата Естира не повика покрај царот никој друг, освен мене на гозбата што ја подготвила. И утре покрај царот само јас сум нејзин гостин.
13 Но сè тоа не може да ме направи среќен додека го гледам Евреинот Мардохеј како седи при царевата врата.”