Естир 5:9-14 MKB

9 Во тој ден Аман излезе среќен и со задоволно срце, но се расрди многу на Мардохеја кога виде дека при царската врата не стана ниту се помрдна пред него.

10 Аман се совлада сепак. Отиде дома и испрати по своите пријатели и по својата жена Сереса.

11 Им раскажуваше за блесокот на своето богатство, за мноштвото свои синови и за сè она со што царот го возвеличи и со што го издигна над сите свои кнезови и службеници.

12 Аман уште додаде: „И царицата Естира не повика покрај царот никој друг, освен мене на гозбата што ја подготвила. И утре покрај царот само јас сум нејзин гостин.

13 Но сè тоа не може да ме направи среќен додека го гледам Евреинот Мардохеј како седи при царевата врата.”

14 Неговата жена Сереса му рече, и сите негови пријатели: „Направи бесилка висока педесет лакти. Утре наутро побарај од царот нека го обесат на неа Мардохеја. Потоа оди среќен со царот на гозба.” Советот му се виде добар на Амана, па тој нареди да се направи бесилката.