Естир 6:1-6 MKB

1 Во таа ноќ царот не можеше да заспие. Затоа нареди да мудонесат и да му читаат од книжниот свиток за знаменитите настани, од Летописите.

2 Таму се најде запишано како Мардохеј ги поткажа Вихтана и Тереса, двајцата цареви дворјанци, чувари на прагот, кои се подготвуваа да подигнат рака против царот Ахасвер.

3 Царот праша: „Каква чест и какво одликување му се дадени на Мардохеја за сè тоа?” Царевите слуги, дворјанците кои го слушаа, одговорија: „Ништо не е сторено за него.”

4 Тогаш царот праша: „Кој е во предворјето?” А во надворешниот двор на царскиот дворец беше стигнал Аман, за да бара да го обесат Мардохеја на бесилката, што веќе беше направена за него.

5 Царевите службеници одговорија: „Ене, Аман се наоѓа во предворјето.” „Нека влезе!” нареди царот.

6 Штом Аман влезе, царот го праша: „Што треба да му се направи на човекот, кого царот сака да го почести?” Аман си рече во себе: „Кого сака царот да го почести ако не мене?”