Естир 6:5-11 MKB

5 Царевите службеници одговорија: „Ене, Аман се наоѓа во предворјето.” „Нека влезе!” нареди царот.

6 Штом Аман влезе, царот го праша: „Што треба да му се направи на човекот, кого царот сака да го почести?” Аман си рече во себе: „Кого сака царот да го почести ако не мене?”

7 Затоа му одговори на царот: „За човекот кого царот сака да го почести

8 треба да бидат донесени царските облеки, што самиот цар ги облекува, и да биде доведен коњот кого царот го јава, и да му биде ставен царски венец на главата.

9 Облеките и коњот царот нека му ги предаде на еден од најугледните цареви кнезови, за тој да го облече оној кого царот сака да го почести и нека го одведе на коњ до градското трговиште, извикувајќи пред него: „Така му бидува на оној кого царот сака да го почести!”

10 Тогаш царот му нареди на Амана: „Земи ги веднаш облеките и коњот како што рече, па направи така со Евреинот Мардохеј, кој седи при царевата врата, и не пропуштај ништо од она што си рекол!”

11 Аман ги зеде облеките и коњот: го облече Мардохеја во облеките и го помина на коњот по улиците на градот, викајќи пред него: „Така му бидува на оној кого царот сака да го почести!”