1 Царот и Аман дојдоа на гозбата на царицата Естира.
2 И вотој втор ден, додека се пиеше вино, царот и рече на Естира: „Која ти е молбата, царице Естиро? Ќе ти биде задоволена! Која е твојата желба? Ако е и половината од царството, ќе ти биде! ”
3 Царицата Естира одговори: „Ако цару, најдов милост во твоите очи, и ако ти е по волјата, нека ми биде подарен во името на молбата животот, а во името на желбата мојот народ!
4 Зошто јас и мојот народ сме предадени за погубување, за колење и за уништување. Да бевме предадени во ропство, ќе молчев, зашто неволјата не ќе беше штетна за царот.”
5 Но царот Ахасвер ја прекина царицата Естира во зборот па ја праша: „Кој е тој? Каде е тој што намислил да направи нешто такво?” Тогаш Естира одговори: „Прогонувачот и непријателот е Аман, овој злосторник!”
6 Аман се исплаши пред царот и царицата.
7 Царот, гневен, го остави виното та отиде во градината на дворецот. Аман остана покрај царицата за да ја моли за својот живот, зашто увиде дека е готова неговата несреќа пред царот.