10 Тој ги напиша писмата во името на царот Ахасвер и ги запечати со царевиот печат па ги распрати со брзоодците, кои јаваа на коњи и на мазги од царската коњаница.
11 Царот им дозволи на Јудејците, по сите градови, дека можат да се состануваат да го бранат својот живот та да ја погубат, да ја истребат и да ја сотрат секоја народна или покраинска војска која би ги нападнала, не поштедувајќи ги ни децата ни жените, а им беше слободно да им ги ограбат нивните имоти;
12 сè во истиот ден во сите покраини на Ахасверовото царство: во тринаесеттиот ден на дванаесеттиот месец, односно на месецот адар.
13 Преписот на писмото, што имаше да стане закон во секоја покраина, беше објавен меѓу сите народи, за да бидат во тој ден Евреите подготвени да им се одмаздат на своите непријатели.
14 Брзоодците, коњаници на царевите нескопени коњи, тргнаа веднаш и летнаа по царевата наредба. Наредбата беше објавена и во тврдината Шуша.
15 Мардохеј излезе од кај царот облечен во царска облека од црвено сукно и од лен, со голем златен венец и со наметка од одлична ткаенина и од отворено црвено сукно. Градот Шуша воскликнуваше и се веселеше.
16 Тоа беше за Евреите ден на светлина, на веселба, на воскликнувања и на прослава.