14 Брзоодците, коњаници на царевите нескопени коњи, тргнаа веднаш и летнаа по царевата наредба. Наредбата беше објавена и во тврдината Шуша.
15 Мардохеј излезе од кај царот облечен во царска облека од црвено сукно и од лен, со голем златен венец и со наметка од одлична ткаенина и од отворено црвено сукно. Градот Шуша воскликнуваше и се веселеше.
16 Тоа беше за Евреите ден на светлина, на веселба, на воскликнувања и на прослава.
17 Во секоја покраина, во секој град и место, до каде допре царевиот указ и закон, меѓу Евреите завладеја веселба, радост, гозба и празник и мнозина од народите на земјата станаа Евреи, зашто ги опфати страв од Евреите.