Естир 9:21-27 MKB

21 Им наложи да ги прославуваат во секоја година четиринаесеттиот и петнаесеттиот ден на месецот адар.

22 како ден во кој Евреите постигнаа спокој од своите непријатели и како месец кој ја претвори нивната тага во радост, а нивното жалење во празник. Нека ги прославуваат со гозба и со веселба, разменувајќи дарови меѓу себе и делејќи им поклони на бедните.

23 Евреите прифатија да го пазат она што веќе сами од себе почнаа да го прославуваат и за што им пишуваше Мардохеј:

24 „Аман, синот Амедатин, Агагеец, гонител на Евреите, кога науми да ги уништи сите, фрли „Пур”, односно жрепка, за нивното погубување и истребување;

25 но кога царот научи за неговата замисла, тој нареди писмено: „Нека се обори врз неговата глава опаката замисла што ја беше засновал против Евреите, и нека биде обесен, тој и неговите синови.

26 Затоа тие денови се наречени Пурим, според зборот Пур. Затоа според сета содржина на тоа писмо, и според она што видоа и што им беше пренесено

27 Евреите се обврзаа неотповикливо и прифатија за себе, за своите потомци и за сите оние кои ќе се здружат со нив, дека ќе ги прославуваат секоја година тие два дена според тој пропис и во тоа време.