6 Само во тврдината Шуша, Евреите погубија и сотреа пет стотини луѓе;
7 ги погубија Фарсандат, Далфон, Аспат,
8 Порат, Адалиј, Аридат
9 Фармаст, Арисај, Аридај, Ваезат,
10 и десетте синови на Аман, синот Амедатин, гонител на Евреите. Но не се полакомија по имот.
11 Во истиот ден, откако научи за бројот на убиените во тврдината Шуша,
12 царот и рече на царицата Естира: „Во тврдината Шуша, Евреите погубија и уништија пет стотини луѓе и десет Аманови синови. Тогаш, што ли направиле во другите покраини на царството? Која е сега твојата молба? Ќе ти биде послушана! Која е твојата желба? Ќе ти биде исполнета!”