1 Рушител се крева против тебе. Постави стража на ѕидовите гледај кон патот, препаши ги бедрата, собери ги сите свои сили.
2 Да, Господ ќе го обнови Јакововото величие како Израелевото величие; зашто пљачкашите ги ограбија, им ги истргаа лозјата.
3 Штитовите на неговите јунаци се црвенеат, неговите воини се во црвено сукно; бојните коли блескаат како железни гламни, во денот кога се подготвува; копјата се брануваат.
4 Бојните коли беснеат по улиците, летаат удирајќи се една со друга, изгледаат како гламни, како молњи, само светкаат.
5 Си спомнува за неговите моќници, се сопинат во одот, итаат бргу кон нејзините ѕидови, опсадата веќе е поставена.
6 Се отворат портите од реките, палатите се растопија.