4 Бојните коли беснеат по улиците, летаат удирајќи се една со друга, изгледаат како гламни, како молњи, само светкаат.
5 Си спомнува за неговите моќници, се сопинат во одот, итаат бргу кон нејзините ѕидови, опсадата веќе е поставена.
6 Се отворат портите од реките, палатите се растопија.
7 Таа која стоеше тврдо, беше свлечена и одведена, нејзините робинки цвилат како гласот на гулабите, се удираат во гради.
8 Нинивија во своите дни беше како базен полн со вода, тие бегаат сега. „Застанете, застанете!” Но никој не се завртува.
9 „Грабете сребро, грабете злато.” Му нема крај на благото, изобилство на скапоцености!
10 Ограбена е, напуштена, разурната е таа. Срцето се топи, колената треперат, измачување во секое бедро, на сите лицата им се побледени.