Наум 3:10-16 MKB

10 Но сепак заробена, таа отиде во ропство; и нејзините младенци беа здробени по сите раскрсници; за нејзините угледни луѓе фрлаа жрепка, сите нејзини големци оковани се во вериги.

11 Така и ти ќе се опијаниш, ќе се сокриеш, и ќе бараш засолниште од непријателите.

12 Сите твои тврдини се како смоквите со рани зрели плодови; ако се стресат, тогаш паѓаат во устата на оној, кој сака да ги јаде.

13 Ете, твојот народ среде тебе се како жени, портите на твојата земја ќе бидат ширум отворени пред непријателите твои, огнот ги изгоре твоите резиња.

14 Нацрпи си вода за опсадата, зацврсти ги своите утврди, влези во калта, гази ја глината, земи калап за плитар.

15 Таму оган ќе те проголта и мечот ќе те истреби; ќе те изеде како скакулците. Множи се како бубачки, множи се како скакулци.

16 Ги умножи твоите трговци, повеќе од ѕвездите на небесата. Но младите скакулци се свлекуваат и одлетнуват.