15 Таму оган ќе те проголта и мечот ќе те истреби; ќе те изеде како скакулците. Множи се како бубачки, множи се како скакулци.
16 Ги умножи твоите трговци, повеќе од ѕвездите на небесата. Но младите скакулци се свлекуваат и одлетнуват.
17 Твоите кнезови се како скакулци, а военачалниците како рој скакулци, што седат по ѕидовите кога е студено, но кога сонцето ќе огрее, одлетнуваат и нивното место не се познава каде биле.
18 Твоите пастири спијат о, царе асирски; твоите моќници лежат, твојот народ се распрсна по горите, никој веќе не може да го собере.
19 Нема оздравување за твојата повреда, твојата рана е неизлечива. Сите, што ќе чујат за тебе, ќе плескаат раце над тебе, зашто врз кого ли не премина твојата злоба постојано?